Seminarski i Diplomski Rad

Motivacija
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 25 | Nivo: ekonomski fakultet prilep

Содржина
Вовед ----------------------------------------------------------------------------------------- 2
1. Дефинирање на мотивацијата ------------------------------------------------------- 3
1.1. Внатрешна мотивација ---------------------------------------------------------- 4
1.2. Надворешна мотивација -------------------------------------------------------- 5
2. Видови на мотиви --------------------------------------------------------------------- 7
3. Фактори што влијаат врз процесот на мотивација ----------------------------- 9
4. Улогата на менаџерите во процесот на мотивација на вработените ------ 11
5. Пет лесни чекори за мотивација -------------------------------------------------- 15
6. Платата како фактор на мотивацијата ------------------------------------------- 16
7. Материјална мотивација ----------------------------------------------------------- 19
8. Нематеријална мотивација --------------------------------------------------------- 20
9. Политика на управување со плати ---------------------------------------------- 22
10. Менаџерите и стилот на менаџментот ----------------------------------------- 23
11. Заклучок ---------------------------------------------------------------------------- 24
Користена литература
Вовед
Мотивацијата претставува основна движечка сила која што го активира организмот, истовременонасочувајќи ја неговата активност кон остварување на саканата цел.
Таа го определува темпото, ритамот, интензитетот, но и квалитетот на реализација на процесите.
Мотивацијата ги обединува сите интерни и екстерни фактори што се неопходни за мобилизирање на енергијата и ентузијазмот на една личност.
Таа ја поттикнува личноста да се зафати со определена акција. Во основа на процесот на мотивација се мотивите – основите на човековото дејствување и однесување, односно поттикнувачки двигатели кои го активираат организмот и ја насочуваат човековата активност кон определена цел. Тие се внатрешни потенцијали на секоја индивидуа што создаваат енергија за извршување на определени дејствија.
Отсекогаш човекот трага за причините - мотивите на сопственото и туѓото однесување. Всушност, постоењето на мотивите и мотивациските процеси го трансформираат човекот од homo biologicus во homo sociologicus.
Во спротивно, целото човеково однесување би се свело на инстиктивни и нагонски реакции.
Мотивите го осмислуваат животот на човекот, му даваат насока и исполнетост.
1. Дефинирање на мотивацијата
Одговорите на прашањето што е тоа мотив се разликуваат од епоха до епоха и од култура до култура. Објаснувањата зависеле од тогашните прифатени концепции за човековата природа и неговото место во универзумот....
И покрај тоа што тие не биле целосни и неможеле до крај да ја објаснат сложеноста на човековата мотивација, во секое од нив откриваме есенцијално зрно на вистината. Модерното сфаќање, иако во изменета форма, претставува одраз на сите поранешни концепции.
Во литературата можат да се сретнат различни пристапи во дефинирањето на мотивацијата, така што таа може да се определи како:
Процес во којшто однесувањето е поттикнато, активирано и канализирано кон оставрување на определени цели. Мотивацијата вклуцува интерни и екстерни фактори што ја детерминираат големината на енергијата и ентузијазмот со коишто се придвижува личноста ( индивидуата) и се стимулира за извршување на определени активности;
Заеднички процес што ги опфаќа сите внатрешни факторикоишто ја определуваат интелектуалната и физичката енергија, ги иницираат и организираат индивидуалните активности, го насочуваат однесувањето, односно му го определуваат правецот, интензитетот и ритамот.
Причина да се направи некоја работа. Мотивацијата се однесува на факторите што влијаат врз луѓето да се однесуваат на конкретен начин.

---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturski.org 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

 

 

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!